Во вторник на владина седница конечно ќе се најде долгонајавуваниот Предлог-закон за заштита од пушење. Тој првично требаше да стапи на сила на 1 март, но неговата примена беше одложена поради реакции на тутунската индустрија и угостиителите.
Од Владата најавуваат негова примена веднаш штом биде донесен освен одредбата во законот кон која ќе треба угостителите да ги преадаптираат своите локали.
Владата уверува дека законот е донесен преку иклузивен процес и дека со него заштитени ќе бидат децата и непушачите. Се предвидуваат и поригоризни казни.
– Сакам да бидам краток и прецизен кога станува збор за ова законско решение коешто како и многу други законски решенија коишто можат да поларизираат, не беше носено ад-хок ниту беше носено по принципот на сила, туку беше носено во еден инклузивен процес, заедно во консултации со сите засегнати страни, со здруженијата, со производителите, со дистрибутерите, со хотелиерите, со луѓето коишто имаат свои ресторани, ноќни клубови итн, изјави денеска премиерот Мицкоски.
Уверува дека инспекциите ќе бидат ригорозни на целата територија на државата и нема да има повластени региони, градови, населени места.
Откако ќе биде усвоен законот на владина седница, треба да биде испратен во Собранието на усвојување.
The post Законот за заштита од пушење во вторник на Влада, Мицкоски уверува дека нема да има пардон за никој appeared first on Provereno.
Пронајдете не на следниве мрежи:



