Исланд повторно е најскапата земја во светот: Трошоците за живот се повисоки отколку во Швајцарија

Трошоците за живот во Исланд ги надминаа оние на Швајцарија, со што земјата повторно стана најскапата земја во светот, објави исландскиот синдикат „Виска“, повикувајќи се на податоци од Евростат и Централната банка на Исланд.

Економистот Вихјалмур Химарсон од синдикатот рече дека цените во Исланд сега се за три проценти повисоки отколку во Швајцарија. Последен пат ова беше случај во 2018 година.

Овие податоци се уште една причина зошто финансиската прифатливост на животот во Исланд е проблематична.

Високите плати, економијата што зависи од силниот туризам, скапите недвижности и зависноста од увоз придонесоа оваа земја да стане најскапото место за живеење во светот.

Проценката на синдикатот се базира на меѓународна споредба на цените. Имено, тие споредиле колку чинат истите производи и услуги во различни земји. Преку оваа споредба, тие утврдиле дека вкупните трошоци се повисоки отколку во Швајцарија, пишува порталот NordiskPost.
The post Исланд повторно е најскапата земја во светот: Трошоците за живот се повисоки отколку во Швајцарија appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: