Три од четирите возила кои се судрија на патот Гостивар-Кичево биле со странски таблички, има повредени

Двајца луѓе се повредени, од кои еден има тешки повреди, во денешната сообраќајна несреќа на патот Гостивар-Кичево кај месноста Сеферов Бунар, објави „Скопје инфо“ повикувајќи се на охридската полиција.

Според првичните информации, во несреќата учествувале четири возила, од кои три биле со странски таблички – од Србија, Унгарија и Албанија.

На местото на несреќата пристигнале екипи на Итната медицинска помош и на полицијата, а поради судирот, сообраќајот неколку часа беше во прекин и се пренасочуваше по споредни локални патишта.

Пронајдете не на следниве мрежи: