Возачот на аудито во кое удри 19-годишниот моторциклист кој загина од здобиените телесни повреди во сообраќајката на Пластичарската улица бил под дејство на дрога. Според Обвинителството, тој не ја почитувал и сообраќајната сигнализација и на удвоена полна линија навлегол во двете сообраќајнии ленти за возилата од спротивен правец.
Обвинителството го сомничи за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот.
– Бидејќи не се придржувал кон прописите осомничениот свесно го загрозил јавниот сообраќај и го довел во опасност животот на луѓето. Со предниот дел од автомобилот удрил во мотоцикл БМВ, додека во задниот дел на неговиот автомобил удрил мотоцикл Хонда ХДВ, кои доаѓале од спротивна насока и се движеле паралелно, соопшти вечерва Обвинителството.
Надлежниот јавен обвинител бара притвор за него со оглед на тоа што постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, можност да влијае врз сведоците или да го повтори делото.
The post Возачот во сообраќајката во која загина 19-годишниот моторциклист бил под дејство на дрога appeared first on Provereno.



