Владата на онлајн седница ќе носи одлука за мерките за нафтените деривати

Владата денеска на вонредна седница треба да донесе одлука за мерките коишто се однесуваат на нафтените деривати. Премирот Христијан Мицкоски очекува поевтинување на дизелот за 6,5 денари за литар и стабилизирање на цените.
– Според нашите пресметки, врз основа на анализите како се движеа цените на светските берзи изминатите две недели, односно втората половина од мај, и како се движеа цените изминатава недела, очекуваме полека, но сигурно да се стабилизираат и кај нас, односно, досега повластената стапка за бензините од 10 да се врати на 18 проценти, а во делот на на акцизите ќе остане намалувањето од два денара по литар за дизел и за безоловните бензини 95 и 98 октани, бидејќи просекот во втората половина од мај на дизелот и безоловните бензини се движеше меѓу 1.000 и 1.200 долари за барел. Преговараме со „Окта“ да видиме како ќе биде, изјави вчера Мицкоски.
Како што рече, постои можност да се добие дополнителен попуст од рафинеријата Окта барем за првата половина на јуни.
Утре, Регулаторната комисија за енергетика треба да донесе нова одлука за цената на горивата.

The post Владата на онлајн седница ќе носи одлука за мерките за нафтените деривати appeared first on Provereno.

Пронајдете не на следниве мрежи: