петок, 27 ноември 2026
Најново

Кривична пријава за стружанец, крадел струја

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

ОВР Струга поднесе кривична пријава против 53-годишен жител на Струга, Н.О., поради сомнение за сторено кривично дело „Кражба на електрична енергија, топлинска енергија или природен гас“.

Според информациите, на 16.04.2026 година, при редовна контрола на мерни броила на улицата „Туристичка“ во Струга, стручни лица од ЕВН Македонија – подружница Струга утврдиле неправилност на приклучокот.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Како што е наведено, пријавениот од својот дом неовластено извршил приклучување на мерен орман и на тој начин противправно користел електрична енергија.

По констатирањето на случајот, од страна на надлежните институции е поднесена кривична пријава, а постапката продолжува понатаму согласно законот.

Поврзани вести