Владата најави, Регулаторна комисија за енергетика потврди – од полноќ дизелот поевтинува за 6,5 денари за литар, а бензините поскапуваат минимално за половина денар. Се намалува и цената на Екстра лесното масло за домаќинство и на Мазутот.
Според новата одлука на РКЕ, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 88 ден/лит, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава по цена од 90 ден/лит.
Новата цена на дизелот ќе биде 85,50 ден/лит, а на Екстра лесното масло за домаќинство 87,50 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 3,238 ден/кг и тој ќе се продава по цена од 47,906 ден/кг.
Владата вчера на вонредна седница ја продолжи мерката за намалена акциза на горивата и најави дека се преговара со рафинеријата ОКТА за продожување на попустот за горивата.
The post Владата најави, РКЕ потврди – поевтин дизел од полноќ appeared first on Provereno.



