Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски уверува дека прашањето со Бугарија ќе биде една од точките што ќе бидат разгледани на утрешната средба со претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста, во Скопјe. Муцунски подвлекува дека во моментов се дискутираат повеќе идеи, но на маса нема нон-пејпер.
„Споделени се повеќе идеи, нон-пејпер не постои, има идеи што се споделуваат со претставници на ЕУ и претставници на земјите-членки, но сите идеи се во рамките на принципиелните очекувања што ги имаме ние како држава. Примарното очекување е да се воспостават јасни институционални гаранции кон нас, дека ова ќе биде последната пречка од билатерален карактер. И второто, многу суштинско, прашањето за неспроведување на одлуките на Европскиот суд за човекови права од страна на соседна Бугарија“, изјави министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски.
Муцунски вели дека во моментов не гледа позитивна атмосфера од Софија кон наоѓање решение.
Тој подвлекува дека во време кога Софија бара од Скопје да биде поразумно и да бара решенија, Муцунски ја поканува Софија да биде поодговорна кон регионалните процеси.
„Морам да ви кажам дека по првата средба со мојот колега, не би рекол дека сум многу оптимист, но во исто време мислам дека според природата на позициите што ги имам, морам да бидам оптимист… 10:02 Во овој момент не чувствувам никаква позитивна атмосфера што доаѓа од Софија, но можеби затоа што е почеток на мандатот на Владата“, рече Муцунски.
Муцунски нагласува дека ќе бидат искористени сите можности за градење доверба, подвлекувајќи дека во рок од 10 дена, тој и претседателката Силјановска ќе патуваат во Софија на регионален формат, по што ќе следи самитот на НАТО, каде што повторно ќе има можности за средби.
The post Муцунски: Прашањето со Бугарија ќе биде разгледано со претседателот на ЕК, Антонио Коста appeared first on Во Центар.



