„ДУШКО ФИЗИЧКИ МЕ НАПАДИ МЕНЕ И МОЈОТ ПАРТНЕР“ Шокантното обраќање на Јелена Карлеуша за нејзиниот поранешен сопруг, таа спомена и проститутки (ФОТО)

Јелена Карлеуша апелираше до сите медиуми да не го доведуваат нејзиното име во контекст со Нора, новата девојка на нејзиниот поранешен сопруг Душко Тошиќ.

Како што напиша поп-дивата на социјалните мрежи, таа не сака да има никаква врска со Тошиќ , како и со жени кои се наведени како проститутки во полициските евиденции.

– Ќе ги замолам сите медиуми, со кои имам навистина убав и фер однос, да не го ставаат моето име и мојата слика во насловите кога пишуваат за мојот поранешен сопруг и неговиот живот.

„Новата девојка на поранешниот сопруг на Јелена Карлеуша“ го содржи само моето име, мојата слика е централна итн. Разбирам дека во спротивно никој не би го прочитал текстот, но: Не сакам да имам никаква врска со маж кого неколку пати го пријавив во полиција за семејно насилство, за физички напад врз мене и мојот партнер, за кршење брави и нелегално влегување во приватен имот, за нередовни исплати на алиментација итн. Исто така, не сакам моето име и мојата слика да бидат поставени покрај сликите на жени кои се во полициска евиденција за проституција. Изборите и испадите на поранешниот сопруг се само негова работа и тоа не ме интересира, не сакам да ме поврзувате. Човек кој можел да ѝ пишува пораки на србомразицата Северина не заслужува ваш простор. Ви благодарам – напиша Карлеуша.

Да потсетиме дека во јавноста одекна веста дека поранешниот фудбалер е во врска, што тој ја потврди. Беше откриен и идентитетот на неговата нова избраничка. Во прашање е Нора, непозната за јавноста, која е разведена и има две деца.

Двајцата се во врска пет месеци и оттогаш се гледаат насекаде заедно.

Сега сè е познато

Нивната љубов, според упатените, моментално функционира без поголеми турбуленции. Сепак, двајцата се обидуваат да ја држат својата врска подалеку од очите на јавноста, но и покрај тоа, почнаа да се појавуваат информации за новата љубов на поранешниот фудбалски репрезентативец на Србија.

Интересно е и тоа што постојат две верзии за приказната за нивната прва средба. Според едната, Душко и Нора се запознале преку социјалните мрежи, каде што прво почнале да комуницираат, по што почнале да се гледаат приватно. Друга верзија, која циркулира меѓу нивните пријатели, вели дека судбоносната средба всушност била во ресторан со заеднички пријател.

Призна сè

Душко кратко разговараше за Direktno.rs и ја потврди информацијата дека е среќен во љубовта, но не сакаше да открие детали за врската со Нора.

– Вистина е. Јас сум во среќна врска и сум задоволен – кратко рече поранешниот фудбалер.
The post „ДУШКО ФИЗИЧКИ МЕ НАПАДИ МЕНЕ И МОЈОТ ПАРТНЕР“ Шокантното обраќање на Јелена Карлеуша за нејзиниот поранешен сопруг, таа спомена и проститутки (ФОТО) appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: