Во ИЈЗ недостига набавена опрема, за прослава на 100-годишнината од Институтот потрошени 50.000 евра

По ревизорскиот извештај за Институтот за јавно здравје што денеска го објавија ревизорите, попладнево и актуелното раководство на Институтот со информација за недостиг на опрема од јавни набавки како набавка на мрежен кабел за интернет во должина од 15 километри вреден 15.000 евра, спорни договори и зголемени трошоци.
Директорката на Институтот за јавно здравје Марија Андоновска соопшти дека имало и случаи на набавени компјутери, лаптопи и мобилни телефони за кои не постои соодветна документација како се распоредени.

Андоновска информираше дека биле склучени договори во вредност од 1,6 милиони денари за мобилни телекомуникациски услуги, иако првично биле предвидени 800 000 денари, како и договор од 1,1 милион денари за фиксна телефонија, двојно повеќе од планираните 550 000 денари.
За прославата на 100-годишнината од Институтот биле потрошени околу 50 000 евра.
The post Во ИЈЗ недостига набавена опрема, за прослава на 100-годишнината од Институтот потрошени 50.000 евра appeared first on Provereno.

Пронајдете не на следниве мрежи: