Откриен е случај на нелегално посвојување новороденче. Осомничени се повеќе лица од Скопје, Куманово и Тетово.
Според истрагата, во текот на 2024 и 2025 година, две лица од Скопје, Ф.А. (63) и Ѓ.К. (57), организирале незаконско посвојување на новородено бебе, искористувајќи ја положбата на згрижувач и социјалната состојба на родителите.
– Имено, Ф.А. користејќи ја својата положба на згрижувач на деца, воспоставила контакти со заинтересирани брачни парови. Додека, Ѓ.К., по претходен нивен договор, а поради избегнување на процедурата за посвојување на деца согласно Законот за семејство, ја користела нивната бременост, тешка материјална и социјална состојба. Имено, поради тоа што не можеле да се грижат за нивните новородени деца, ги доведувала родителите во заблуда и ги убедувала да реализираат за одреден паричен надомест и други бенефиции незаконско посвојување на нивното новородено бебе. На тој начин успеале да ја убедат С.Ј., која живеела во вонбрачна заедница со нејзиниот невенчан сопруг И.А., за финансиска помош од 500 евра и бесплатни гинеколошки прегледи да реализираат незаконско посвојување на нивното новородено бебе. По отпуст од болница, С.Ј. и нејзиното бебе биле прифатени од Ф.А. и превезени до нивниот дом каде пристигнале пријавените И.Ш. и Џ.Ш. и во својство на „посвоители“ го земале бебето и го однеле во својот дом,
информира денеска Министерството за внатрешни работи.
Истрагата утврдила дека на 17.10.2025 година бил склучен и договор за заем на парични средства, кои биле поврзани со случајот.
По наредба на надлежен судија на претходна постапка, на осомничените им е определена мерка домашен притвор.
Постапката е во тек и се преземаат дополнителни истражни мерки.
The post За 500 евра и бесплатни гинеколошки прегледи продадено новороденче appeared first on Provereno.
Пронајдете не на следниве мрежи:



