Следната недела официјално ќе бидат познати млекарите кои правеле манипулации со декларациите на млечните поривзоди. Од понеделник се очекуваат и резултатите од анаизите за месните производи.
– Две се увозни, осум се наши компании. Веќе се вршат внатрешни контроли зашто овие резултати што ги имаме добиено се процена на ризик лично од мене направени. Покрај редовните надзори, ќе се направи и аудит. Ќе се вратиме чекор наназад, да видиме дали воделе записници, дали воделе лабораториски анализи, дали ова е пред 15 дена или постоело со години. Во однос на безбедноста на овие производи, безбедноста не е нарушена, нарушен е квалитето зашто е направена измама со храна на потрошувачите Доколку декларирате дека имате 24 отсто масти, а во производот има 5 проценти масти, таа храна автоматски се уништува и се носи на депонија, изјави денеска директорот на АХВ Оливер Миланов.
За анализите за сувомеснатите производи како виршли, салами и паштети, Миланов очекува дека и таму ќе има нешто бидејќи тоа се производи во кои се користат ароми, бои, фосфати.
– Резултатите може да се очекуваат во наредниот период, но, тоа не зависи од нас, туку од референтните лаборатории. Значи, од понеделник, најави Миланов.
The post Следната недела официјално ќе бидат познати млекарниците што правеа манипулации appeared first on Provereno.



