Одбраната на поранешниот прв човек на Царината и поранешен градоначалник на Карпош, Стефан Богоев ќе ја обжали одлуката за 30-дневен притвор што ја донесе Кривичниот суд.
Бранителите на Богоев не очекувале мерка притвор затоа што станува збор за предмет од финансиска природа, а не од насилен криминал.
Screenshot
– Како што сме запознати не само што ние како одбрана понудивме гаранција, туку и другите бранители на осомничените понудија гаранција и мислам дека во комбинација со другите мерки на претпазливост можеше да обезбеди присуство на осомничените и оневозможување за меѓусебна комуниакција како и со сведоците во постапката, вели адвокатката Сања Алексиќ во изјава за телевизија 24.
Кривичниот суд вчера им определи мерка притвор од 30 дена на сите четири лица осомничени во случајот Царина. Тие се сомничат за неколку кривични дела поврзани со наместен тендер за надворешна хигиена на граничните премини и терминали.
The post Одбраната на Богоев најавува обжалување на одлуката за 30-дневен притвор appeared first on Provereno.



