четврток, 26 ноември 2026
Најново

Наместо пари, тутунарите добија извинување: Исплатата на субвенциите се пролонгира

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Наместо пари тутунарите добија извинување од претседателот на Сојуз на тутунски здруженија, Кире Ристевски дека исплатата се пролонгира.

„Исплатата на субвенциите ќе биде пролонгирана, ја користам приликата да им се извинам на тутунопроизводителите дека ќе закаснат субвенциите за 10 до 15 дена и ќе бидат исплатени во целост. Најмногу до средината на месецот ќе бидат исплатени“, убедува Ристевски.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Наместо МЗШВ да им соопшти официјално на тутунарите зошто нема да им бидат исплатени субвенциите во првата недела на јуни, како што претходно и кажаа, тоа за нив го направи Ристески.

Оправдувањето на првиот човек на Сојузот на тутунски здруженија е дека пролонгирањето на оваа исплата е бидејќи работеле на случајот 91 тутунар кој требаше да ги вратат субвенциите за 2024 поради неправилности во прикажувањето на парцелите со тутун, да им се простат парите. објавува Журнал.мк