Властите во Хавана почнаа да делат оружје на цивилите по зголемените стравувања од можна американска воена интервенција во близина на островот, поради нејасни пораки од Вашингтон.
Според венецуелскиот медиум „Versión Final“, кубанските власти почнале да дистрибуираат автоматски пушки на цивилното население, како дел од подготовките за одбрана од американска инвазија.
Тензиите дополнително се зголемија по говорот на американскиот државен секретар Марко Рубио во Капитол, бидејќи тој не ги прецизираше следните чекори или обемот на можни воени дејствија или други мерки што американската администрација би можела да ги преземе во регионот.
Според дописникот на CNN, Патрик Опман, кој зборуваше за тоа за Блумберг, подготовките во Куба веќе влегоа во секојдневниот живот на институциите и станбените згради. Тој изјави: „Во владината зграда каде што се наоѓаат нашите главни канцеларии, еден од администраторите ни пристапи и ни праша дали ќе ни треба канцеларијата за време на инвазијата“. Овој пример, како што е наведено, покажува дека плановите за вонредни ситуации се спроведуваат и на ниво на населби и државни институции.
Кубанската мобилизација понатаму се толкува во светлината на неодамнешните настани во Венецуела. Во извештајот се наведува дека кубанските трупи тајно дејствувале на територијата на таа земја кога бил започнат вооружен упад со цел соборување на претседателот Николас Мадуро и дека во тој конфликт загинале малку повеќе од 30 кубански војници.
Иако стравот од американска интервенција е присутен во кубанското општество со децении, во текстот се истакнува дека сегашната ситуација повторно го засили чувството на тревога.
Според локалните извештаи, дел од населението, покрај загриженоста, покажува и замор поради долготрајната криза, при што некои граѓани велат дека само сакаат ова да заврши еднаш засекогаш, на еден или друг начин.
The post Кубанските власти делеле Калашникови на цивили поради страв од можна воена интервенција на САД appeared first on Во Центар.



