НА КРИТ УАПСЕН ПРИПАДНИК НА ХАМАС, ПРИЗНАЛ ДЕКА ПЛАНИРАЛ НАПАДИ

Грчките власти уапсија 37-годишен маж на Крит под сомнение за активности поврзани со тероризам. Тој им рекол на истражителите дека е припадник на Хамас и дека е поврзан со двете лица уапсени неколку дена претходно во Кипар кои планирале напади на цели поврзани со Израел.

Уапсениот потекнува од Газа и во Грција престојувал легално како сезонски работник во хотел. Во своето првично сведочење, тој рекол дека сè уште немал направено експлозивна направа, но нарачал материјали преку интернет што би можеле да се користат за производство на експлозиви. При претресот на неговиот стан во Атина биле пронајдени неодамна нарачани предмети.

Според истражителите, тој патувал во Малезија на обука за изработка на експлозивни направи. Неговите сопруга и три деца живеат во Појасот Газа.

Грчките власти го поврзале со приведените лица во Кипар откако анализирале телефони и лаптопи, па бил под надзор пред апсењето. Официјални лица изјавија дека тој не се однесувал сомнително додека работел во хотелот и сè уште не бил во позиција да изврши напад.

Пронајдете не на следниве мрежи: