Златото падна на 120 евра за грам

Изненадувачки пресврт на пазарот на благородни метали. По неколкумесечниот раст на цените на златото континуиран пад изминатата недела кој подолжи и денес. Денеска се тргува по 120 евра за грам или унца (31,1 грам) чини 3.739 евра предизвикувајќи внимание кај инвеститорите, штедачите и граѓаните кои внимателно ги следат движењата на пазарот.

Според трговците со благородни метали, падот доаѓа по период на високи цени и засилени очекувања за промени на глобалните финансиски пазари. Иако златото традиционално се смета за „сигурно засолниште“ во време на економска неизвесност, денешното намалување на вредноста отвори бројни прашања за тоа во која насока ќе се движи цената во наредниот период.

Експертите оценуваат дека ваквите осцилации не се невообичаени, но предупредуваат дека инвеститорите треба внимателно да ги следат меѓународните економски показатели, движењата на доларот и политиките на централните банки. Дел од аналитичарите сметаат дека падот може да претставува добра можност за купување, додека други предупредуваат дека пазарот сè уште е нестабилен.

Пронајдете не на следниве мрежи: