Дисциплинската комисија на европската фудбалска федерација (УЕФА) го суспендираше помошниот тренер на англискиот Манчестер Сити на два меча поради неспортско однесување во текот на мечот со шпанскиот претставник во Лигата на шампионите, Реал Мадрид.
Дејвид Плат е казнет бидејќи за време на натпреварот е исклучен и испратен на трибините, Казнет е и неговиот клуб Манчестер Сити со 12 илјади евра, бидејќи на петмина негови играчи против Реал Мадрид им беа покажани жолти картони.
Помошникот на менаџерот на Сити, Роберто Манчини, ќе го пропушти последното коло од фазата по групи со Борусија Дортмунд, и следниот европски меч на манчестерските „граѓани“.
макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: