Апликацијата „МојДДВ“ утре ќе биде привремено недостапна за граѓаните поради планирана техничка надградба, соопшти Управата за јавни приходи (УЈП).
Прекинот во работата на овој систем ќе започне утре, 23 јуни 2026 година (вторник), точно во 12:00 часот.
Од УЈП појаснуваат дека недостапноста се должи на миграција на системот на нова, ИТ инфраструктура, која треба да обезбеди поголема сигурност и подобра достапност на услугата во иднина.
Како што информираат од Управата, апликацијата за скенирање фискални сметки ќе биде повторно ставена во функција веднаш штом ќе завршат техничките активности на терен.
Од Управата за јавни приходи воедно апелираат до граѓаните за трпение додека трае процесот на модернизација на системот.



