Цената на златото денес забележа драматичен пад и се спушти на околу 112 евра за грам, достигнувајќи најниско ниво во последните неколку месеци. По периодот на рекордни вредности, благородниот метал денес се најде под силен притисок, предизвикувајќи загриженост кај инвеститорите и сопствениците на злато. На берзите денес грам се продава по 112 евра, а унца (31,1 грам) чини 3.503 евра.
Според аналитичарите, зад наглиот пад стојат неколку клучни фактори. Најголемо влијание има зајакнувањето на американскиот долар, кое традиционално врши притисок врз цената на златото на светските пазари. Истовремено, очекувањата декаАамериканската централна банка би можела да задржи повисоки каматни стапки ги насочуваат инвеститорите кон други финансиски инструменти со повисок принос.
Дополнителен фактор е смирувањето на дел од геополитичките тензии кои во изминатите месеци го туркаа златото нагоре како сигурно засолниште во време на неизвесност. Со намалувањето на стравувањата на пазарите, дел од капиталот се повлекува од златото.



