Тренерот на екипата на Реал Мадрид истакна дека италијанскиот тим Интер е сеуште во неговото срце.
Жозе Мурињо во предводеше тимот на Интер до титула во Лигата на Шампионите, Скудето, Куп на Италија, изјави дека сеуште чувствува блискост со екипата на Интер.
„Секогаш ги славам нивните победи, а патам кога ќе изгубат. Моето срце е за Интер. Никогаш не сум се чувствувал толку исполнето како кога бев во тој тим, плачев како дожд кога го напуштив тој тим. И сеуште сум носталгичен за животот во Милано“ изјави Мурињо.
Пронајдете не на следниве мрежи: