Околу 30 граѓани побарале лекарска помош по вчерашното краткотрајно невреме во Скопје. Меѓу нив има и еден странски државјанин кој е повреден при пад на дрво.
Во старата градска болница „Св. Наум Охридски“ лекарска помош им е укажана 22 пациенти, од кои двајца се задржани на болничко лекување, а на Клиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ) третирани се 11 лица, од кои тројца имаат посериозни скршеници.
Од двајцата пациенти кои се задржани на болничко лекување во „Св. Наум Охридски“, едниот е веќе опериран во текот на ноќните часови, со скршеница во пределот на раката.
Во невремето причинета е материјална штета на здравствени установи. Министерот за здравство Сашо Клековски уверува дека се следат штетите на здравствените установи и по процената на осигурителните компании, ќе се пристапи кон обнова на покривните конструкции.
The post Околу 30 граѓани повредени во вчерашното невреме appeared first on Provereno.



