Скопјанец скокнал од чамец во Преспанското Езеро и исчезнал

Рибар од Скопје вчера скокнал од чамец во Преспанското Езеро по веслата кои му паднале во водата, по што исчезнал, соопшти денеска МВР.
Како што се наведува во полициското соопштение, во СВР Битола било пријавено дека на брегот на Преспанското Езеро во ресенското село Сливница двајца рибари информирале дека во чамец во езерските води останале уште двајца рибари, од кои едниот скокнал во езерото по веслата кои му паднале и не излегол од водата, а другиот останал во чамецот и ветерот го носел накај Крани, на далечина од околу 1000 метри од брегот.
– Полициски службеници излегле на местото и го затекнале Б.Ј. (71) од Скопје, кој ги запознал дека другото лице М.М. (71) од Скопје скокнал од чамецот и не излегол од водата, се додава во соопштението.
МВР информира дека полициски службеници и екипа од специјализирана нуркачка екипа од САЕ Тигар преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Пронајдете не на следниве мрежи: