Разбојници нападнале млад Австриец во Скопје и го расекле со нож

23-годишен државјанин на Австрија пријавил во полиција дека вчера рано утрото двајца непознати разбојници се обиделе да го ограбат во центарот на градот, а едниот од нив и го расекол со нож, соопшти МВР.

„На 09.08.2026 во 08:55 часот во СВР Скопје, В.А.О.(23) од Австрија пријави дека околу 04:30 часот на подрачјето на Центар, две лица физички го нападнале и се обиделе да му одземат пари и лични предмети, при што едниот од нив со остар предмет му нанел расекотина. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, се наведува во полицискиот билтен.

Пронајдете не на следниве мрежи: