Сузбиена организирана криминална: Запленети околу 300 килограми марихуана

По вчерашната голема меѓународна полициска акција во која беше сузбиена организирана криминална група за недозволена трговија со наркотици, истрагата продолжи и во текот на ноќта и раните утрински часови, при што е пронајдено и лишено од слобода уште едно лице.

Одделот за криминалистичка полиција, по спроведените истражни дејствија и оперативни активности, го пронајде и лиши од слобода лицето за кое постојат сомненија дека е дел од организираната криминална група опфатена со вчерашната меѓународна полициска операција.

Станува збор за продолжение на акцијата која Министерството за внатрешни работи, преку Одделот за криминалистичка полиција и мешовити тимови, ја спроведува во координација со полициите на Косово и Грција и под водство на обвинители од Македонија, Косово и Грција.

Во рамки на досегашните активности беа лишени од слобода повеќе лица, а беа запленети околу 300 килограми марихуана.

Полициските и истражните активности не завршуваат со вчерашната акција. Надлежните служби продолжуваат со преземање оперативни и истражни мерки со цел целосно расчистување на случајот, утврдување на улогата на сите лица вклучени во криминалната група и откривање на евентуални други лица поврзани со недозволената трговија со наркотици.

Со денешното лишување од слобода продолжува разбивањето на криминалната мрежа и активностите на македонската полиција во соработка со меѓународните партнери во борбата против организираниот криминал и трговијата со дрога.

Пронајдете не на следниве мрежи: