недела, 29 ноември 2026
Најново

Нов скок на горивата – бензините за 4,5 денари, дизелот за 6,5 денари

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Нов скок на горивата од полноќ. Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која бензините поскапуваат за 4,5 денари, а дизелот за 6,5 денари. Поскапува и Екстра лесното масло за домаќинство за 6 денари.

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе бие 91,50 ден/лит, а
ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава по цена од 93,50 ден/лит. Од полноќ дизелот ќе се точи по цена од 98,00 ден/лит, а на
Екстра лесното масло за домаќинство 98,50 ден/лит.
Поскапува и Мазутот кој од полноќ ќе се продава по цена од
43,726 ден/кг.
Новите цени ќе важат до следниот понеделник.

Поврзани вести