Иран најави договор со Оман за безбеден премин на бродовите низ Ормутскиот теснец

Иранскиот министер за надворешни работи, Сејед Абас Арагчи, денес изјави дека Иран и Оман ќе го финализираат договорот за соодветна рута за безбедно минување на бродовите низ Ормутскиот Теснец.

Според агенцијата Тасним, Арагчи телефонски разговарал со турскиот колега Хакан Фидан за билатералните односи и најновите случувања во регионот.

Говорејќи за разговорите меѓу Иран и Оман, Арагчи ја истакна решеноста на Техеран да продолжи со процесот на постигнување договор за безбедна рута за минување на бродовите низ Ормутскиот Теснец.

За време на разговорот биле разгледани и најновите регионални случувања и актуелните дипломатски напори, при што било нагласено дека е потребно продолжување на политичките и дипломатските активности за спречување на ескалација на тензиите и зајакнување на регионалната стабилност и безбедност.

Пронајдете не на следниве мрежи: