Заклучно со 18 август, според последните податоци на ИЈЗ, во земјава се регистрирани вкупно 38 случаи на западнонилска треска, 36 потврдени и два веројатни.
Според место на живеење на заболените, 37 случаи се од Скопје, а еден од Велес. Регистрирани се 37 автохтони случаи и еден случај со историја на патување во Грција, но инкубацискиот период покрива и престој во Македонија, известува ИЈЗ.
Од регистрираните случаи (38), 28 се машки, а 10 се женски. Во однос на возрасната дистрибуција, најголем дел се лица на возраст над 60 години, наведува ИЈЗ.
Во изминатата недела, од 12 до 18 август, пријавени се 12 нови случаи, вклучувајќи три нови смртни исходи.
Во текот на 2026 година, до 18.08.2026 година, регистрирани се 4 смртни случаи кај пациенти со невроинвазивна болест на ЗНТ. Се работи за машки лица на возраст од 62-83 години, од Скопје кои биле хоспитализиран во КИБФС. Кај три починати лица се регистрирани коморбидитети. Дијагнозата е потврдена со серолошко испитување на ликвор.
На 11.08.2026, ЦЈЗ Скопје пријави епидемија на западно-нилска треска во општините Кисела Вода, Гази Баба, Аеродром и Бутел.
The post За една недела тројца починати и 12 новозаразени со западнонилска треска appeared first on Во Центар.
Пронајдете не на следниве мрежи:



