— Младиот Леон Мерсовски од Дебар со искрена и остро интонирана јавна објава отвори прашање за кое, како што вели, македонското општество предолго избегнува сериозно да разговара – односот кон Македонците со исламска вероисповед.Мерсовски, кој за себе вели дека е Македонец по националност, муслиман по вероисповед и ВМРО-вец по политичко убедување, нагласува дека меѓу овие определби не гледа никаква противречност.„Не сум Македонец со фуснота. Не сум Македонец под услов. Не сум половина Македонец. Не сум должен да положам дополнителен испит за македонство затоа што сум роден и воспитан во исламска вероисповед. Јас сум Македонец. Точка“, порачува тој.
Каде е нашата национална стратегија?
Во својата објава Мерсовски поставува директно прашање до државата, институциите, образованието и политичките партии:„Каква Македонија градиме ако еден Македонец само затоа што е муслиман мора повторно и повторно да објаснува како е можно да биде Македонец?“Тој посочува дека низ годините често ги слушал прашањата „Како Македонец, а муслиман?“ и „Како си во ВМРО, а муслиман?“, оценувајќи дека самото поставување на вакви прашања покажува дека во општеството сè уште постојат предрасуди за врската меѓу националната и верската припадност.Според него, македонскиот национален идентитет не смее да биде поврзуван со една конкретна вера, бидејќи верата е лично право, додека националната припадност е прашање на самоидентификација и припадност.Критика и до ВМРО-ДПМНЕ
Мерсовски не ја поштедува ниту својата партија. Тој отворено бара од ВМРО-ДПМНЕ да изгради „јасна, современа и долгорочна политика“ кон Македонците со исламска вероисповед.Како член на партијата и човек кој, како што вели, потекнува од ВМРО-вска фамилија, тој нагласува дека критиката не ја упатува затоа што сака да ја напушти организацијата, туку токму спротивното.
„Лојалноста кон една организација не значи молчење пред нејзините слабости. Ако нешто го сметаш за свое, должен си да бараш да биде подобро“, пишува Мерсовски.Тој бара Македонците муслимани да не бидат третирани како „егзотична категорија“ која се споменува само во изборни периоди, туку како нераскинлив дел од македонскиот народ.
Каде бевте кога беше тешко?
Во особено остар дел од објавата, Мерсовски се осврнува и на, како што вели, „новооткриениот патриотизам“ и ги повикува оние кои денес гласно зборуваат за Македонија и ВМРО да се запрашаат каде биле во периодот кога партијата била во опозиција.„Каде бевте од 2017 до 2024 година? Каде бевте кога ВМРО-ДПМНЕ беше опозиција? Каде бевте кога немаше функција? Кога немаше кабинет? Кога немаше службено возило? Кога немаше политички комфор?“, прашува тој.Според Мерсовски, времето на крајот ги раздвојува искрените убедувања од политичкиот интерес.
Македонија не е само Скопје
Мерсовски посебно го издвојува и Дебар, нагласувајќи дека националната политика не смее да се креира исклучиво од перспектива на главниот град.„Македонија е и Дебар. Македонија се градовите и селата кои централната политика предолго ги гледа само на изборна карта“, вели тој.Тој смета дека државата мора посериозно да се посвети на младите Македонци муслимани кои, според него, не треба да растат со потреба постојано да им објаснуваат на другите дека верата и националноста не се иста работа.
Никој нема право да ми мери колку сум МакедонецВо завршницата Мерсовски ја повторува својата лична определба и испраќа порака дека не планира да избира меѓу својата вера, националност и политичко убедување.„Нема да се откажам од својата вера за да бидам Македонец. Нема да се откажам од своето македонство затоа што сум муслиман. Нема да ја напуштам ВМРО-ДПМНЕ затоа што понекогаш сум критичен кон неа. Напротив. Ќе барам од неа повеќе“, порачува тој.Мерсовски бара повеќе државотворност, повеќе национална зрелост и интеграција, а помалку предрасуди и дневна политика.„Македонскиот национален идентитет не е сопственост на една вера, еден град, една група или една генерација политичари. Македонија му припаѓа на секој нејзин граѓанин, а македонството на секој што искрено се идентификува како Македонец“, порачува Мерсовски.Објавата завршува со јасна лична порака:
„Јас знам кој сум. Македонец. Муслиман по вероисповед. ВМРО-вец по убедување.“
The post „Јас сум Македонец. Точка.“ – Леон Мерсовски отвори жестока дебата за Македонците муслимани и побара јасна национална стратегија appeared first on Во Центар.
Пронајдете не на следниве мрежи:



