Муцунски: Македонија силно го осудува рускиот хибриден напад во Лајпциг

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски преку социјалната мрежа Х го осуди рускиот напад во Лајпциг, извршен на 4 август годинава.

„Македонија силно го осудува рускиот хибриден напад во Лајпциг, Германија. Искрено сме во целосна солидарност со Германија, нашиот сојузник во НАТО и близок партнер. Хибридните напади врз нашите сојузници се напади врз нашата колективна безбедност и мора да се одговорат со единство, решителност и јасен одговор. Русија нема да успее да ја заплаши Европа или да ја ослабне нашата поддршка за Украина“, напиша Муцунски на Х.

Претходно, нападот го осуди и НАТО, чиј генерален секретар, Марк Руте соопшти дека зборувал со германскиот канцелар Мерц и дека НАТО стои солидарно со Германија.

Пронајдете не на следниве мрежи: