Илон Маск останува против користењето на Starlink од страна на Украина за напади длабоко на руска територија, и покрај неодамнешните медиумски извештаи дека тој е подготвен да поддржи таква употреба на системот.
Три извори запознаени со случајот за „Киев Индепендент“ изјавија дека извршниот директор на „СпејсИкс“ не го променил својот став по ова прашање.
Ова ги оспори тврдењата на „Фајненшл тајмс“ од 30 август дека Маск е отворен за можноста Украина да користи дронови опремени со „Старлинк“ за да напаѓа цели во Русија, со политичко одобрение од Белата куќа.
Долго време Киев бара согласност од Соединетите Американски Држави за поширока употреба на оваа технологија во војната против Русија. Според украинските медиуми, целта е да се зајакне кампањата против руските балистички лансери.
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, го отвори прашањето на 28 јули на состанок зад затворени врати со американскиот претседател Доналд Трамп. Сепак, Украина сè уште не добила одобрение за таква употреба на системот.
Еден од изворите рече дека Маск верува оти дозволувањето на Украина да го користи Starlink за операции во Русија нема да помогне во завршувањето на војната.
The post Проблеми за Зеленски: Маск се спротивставува на употребата на Starlink за украински напади длабоко во Русија appeared first on Во Центар.



