Американскиот претседател Доналд Трамп денес по средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека смета оти Русија и Украина наскоро ќе постигнат договор.
„Мислам дека нешто ќе се случи“, рече Трамп по средбата со Зеленски на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк , одговарајќи на новинарско прашање дали Украина мора да се откаже од нешто за да се стави крај на војната, објави Гардијан.
Трамп рече дека Украинците се „многу способен народ“ кој има „многу способно лидерство“, алудирајќи на Зеленски , кој седеше до него.
Според Трамп , рускиот претседател Владимир Путин е подготвен да се сретне и да разговара за завршување на војната во Украина .
„Тој е подготвен за состанок. Тој е подготвен. Тој би сакал војната да заврши. Мислам дека и двајцата (Путин и Зеленски) сакаат војната да заврши, да бидам искрен со вас. Време е за тоа, многу луѓе умираат“, вели Трамп .
Тој додаде дека неодамнешните украински напади врзруската енергетска инфраструктура се „многу тежок удар за Русите“, но и „многу сериозен удар за цените на горивата“.
The post Трамп и Зеленски се сретнаа; „Мислам дека нешто ќе се случи“ appeared first on Во Центар.



