Докторот на Пресли Гербер му препишал кетамин и покрај тоа што бил свесен за неговите долгогодишни проблеми и борба со злоупотреба на супстанции, објави TMZ, повикувајќи се на извори блиски до починатиот модел.
Според луѓе кои биле во редовен контакт со Гербер и имаат директно познавање на случајот, лекарот му издал рецепт за кетамин иако тој знаел за неговата историја на злоупотреба на дрога. Иако кетаминот се користи во одредени медицински практики за третмани за апстиненција, оваа намена не е официјално одобрена од страна на Американската администрација за храна и лекови (FDA).
Извори наведуваат дека кетаминот бил постојан проблем за Пресли, поради што неговите блиски пријатели се огорчени и веруваат дека одговорниот лекар треба кривично да одговара, објавува TMZ.
Сè уште не е познато какви супстанции имало во системот на 27-годишниот модел во моментот на неговата смрт. Познато е само дека кратко пред неговата смрт, Пресли отворено потврдил со пријателите дека сè уште се бори со зависноста од кетамин.
Ситуацијата на Гербер потсетува на случајот на актерот Метју Пери, кој почина во 2023 година. На Пери, кој со години се бореше со зависност, првично му беше препишан кетамин како третман за депресија и анксиозност.
Сепак, актерот подоцна почнал да ја набавува супстанцијата од нелегални извори – поточно од Џасвин Санга, позната како „Кралицата на кетаминот“, која оттогаш е осудена на 15 години затвор за нејзината улога во неговата смрт.
Пресли Гербер почина во неделата во центар за рехабилитација во Санта Моника од сомнение за предозирање, додека официјалниот извештај од обдукцијата и причината за смртта сè уште се чекаат.
The post Сомнителни околности за смртта на синот на Синди Крафорд: Лекарот му препишал кетамин и покрај неговата борба со зависноста appeared first on Во Центар.



