Италија се враќа на нуклеарната енергија по речиси 40 години

Италијанскиот Сенат во среда одобри закон што ќе ѝ овозможи на земјата да ја обнови нуклеарната енергија, речиси четири децении по катастрофата во Чернобил што доведе до напуштање на нуклеарната програма на Италија.

Законот беше одобрен со 81 глас „за“, 51 „против“ и седум „воздржани“, пишува АП.

За владата на премиерката Џорџија Мелони, ова е важен чекор кон зајакнување на енергетската безбедност и исполнување на климатските цели.

Законот, претходно одобрен од Домот на пратениците, создава правна рамка за нови нуклеарни технологии.

Владата сега ќе има 12 месеци да издаде имплементациски прописи, со кои ќе се утврдат процедурите за лиценцирање на реактори, безбедносните стандарди, управувањето со радиоактивен отпад и критериумите за избор на идни локации.

Со оваа одлука, Италија го започнува враќањето кон нуклеарната енергија, која граѓаните ја отфрлија на два референдума, по катастрофата во Чернобил во 1986 година и несреќата во Фукушима во 2011 година.
The post Италија се враќа на нуклеарната енергија по речиси 40 години appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: