Почина уште еден пациент со западнонилска треска, вкупниот број на жртви е десет

Пациент од Скопско (70 години) е десеттата жртва на вирусот Западен Нил во Македонија.

Тој почина викендов на Инфективната клиника каде што лекарите се бореа за неговиот живот повеќе од еден месец, соопшти денес на прес-конференција директорот на Инфективната клиника, Фадил Цана.

Досега се регистрирани вкупно 70 случаи на заразени со вирусот.

Вкупно 10 пациенти починале, девет од Скопско и еден од Куманово, претежно постари лица со повеќекратни коморбидитети.
The post Почина уште еден пациент со западнонилска треска, вкупниот број на жртви е десет appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: