Шест земји од ЕУ се заканија дека ќе го блокираат новиот буџет

Германија, Холандија, Шведска, Данска, Австрија и Финска се заканија дека ќе го блокираат нацрт-верзијата на новиот седумгодишен буџет на ЕУ за периодот 2028-2034 година доколку расходите не се намалат за „стотици милијарди“ евра, објави „Фајненшл тајмс“ (FT).

Според предлогот на Европската комисија, буџетот би можел да изнесува речиси два трилиони евра, а шест земји проценуваат дека е потребна „фундаментална реформа“.

„Доколку буџетските расходи не се намалат за стотици милијарди, нема да има договор за ова оваа година“, изјави дипломат од една од земјите потписнички.

Лидерите на шесте земји сметаат дека средствата треба да се пренасочат кон одбрана и поддршка на иновативни компании, а воедно да се намалат средствата за земјоделството и помалку развиените региони, кои традиционално сочинуваат околу две третини од расходите на буџетот на ЕУ.

Според „Фајненшл тајмс“, ставот на шесте земји ги одразува несогласувањата меѓу членовите околу новите приоритети за трошење, особено финансирањето за одбраната и индустриите што се соочуваат со конкуренција од Кина и САД.

Заедно, овие шест земји придонесуваат со околу 40 проценти од приходите во буџетот на ЕУ. Ирска, која моментално претседава со ЕУ, треба да подготви компромисен предлог до средината на октомври, кој би ги усогласил барањата на најголемите нето донатори со ставот на мнозинството членови кои инсистираат на зачувување на земјоделските субвенции и финансирањето за регионален развој.

За усвојување на буџетот е потребна едногласна согласност од сите 27 земји-членки на ЕУ.
The post Шест земји од ЕУ се заканија дека ќе го блокираат новиот буџет appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: