Илон Маск има совет за борба против горушицата. Дали делува?

Илон Маск сподели неколку необични медицински совети на социјалните мрежи. Извршниот директор на SpaceX им напиша на корисниците дека спие со куп книги под главата за да му помогне во варењето на храната. Тој им препорачува на оние кои страдаат од ноќен рефлукс на киселина „да стават неколку книги под рамката на креветот“. Целиот кревет, додаде тој, треба да биде малку навален кон стапалата.

Научната основа за советите на Маск

Според научниците, неговиот совет не е без основа. Маск претходно споделил совети против горушица. Тој препорачал да се подигне главата на креветот за три до пет сантиметри и да се избегнува јадење три часа пред спиење. Тој му рече на популарниот јутјубер MrBeast дека постои „голема веројатност да доживеете барем благ рефлукс навечер, што влијае на квалитетот на вашиот сон без дури и да го сфатите тоа“.

Just pile some books under the head-end section of the bedframe. Whole bed should have a slight downward tilt towards your feet. It helps with digestion and reducing stomach acid back flow.— Elon Musk (@elonmusk) September 28, 2026

Што е киселински рефлукс?

Гастроезофагеалната рефлуксна болест (ГЕРБ), попозната како киселински рефлукс или горушица, се јавува кога желудочната киселина се враќа во хранопроводот, предизвикувајќи чувство на печење во градите. Долниот езофагеален сфинктер, мал мускул, треба да ја држи киселината во желудникот.

Сепак, кај приближно секој петти возрасен, овој мускул е ослабен, па киселината се исфрла во погрешно време. Нападите од горушица се почести ноќе, бидејќи лежечката положба на телото ѝ овозможува на гравитацијата полесно да ја турка киселината низ грлото. Јадењето веднаш пред спиење го влошува проблемот, бидејќи го поттикнува желудникот да произведува повеќе киселина за варење.

Што велат студиите и експертите

Многу медицински експерти се согласуваат со Маск и им советуваат на пациентите да избегнуваат доцни оброци и да ја креваат главата на креветот. Лоаи Албаркуни, вонреден професор по медицина базирана на докази на Универзитетот Бонд, за „Дејли меил“ изјави дека оваа положба ја користи гравитацијата.

„Наклонувањето на креветот така што главата е повисоко од желудникот ја користи гравитацијата за да се спречи желудочната содржина да се врати во хранопроводот за време на спиењето. Истражувањата, исто така, покажаа дека ова може да ја намали изложеноста на хранопроводот на киселина во текот на ноќта“, изјави тој.

Студија од 2012 година го тестираше овој пристап со дрвени блокови од 20 см поставени под главата на креветот. Дури 65 проценти од учесниците пријавија подобар сон, а бројот на продолжени епизоди на рефлукс се намали од повеќе од три на просечно една по ноќ. Слично на тоа, преглед од 2021 година на пет студии во кои учествуваа 228 пациенти заклучи дека подигнувањето на главата на креветот е „евтина и безбедна алтернатива на лековите“ за лицата кои страдаат од ГЕРБ.

Албаркуни вели дека, врз основа на достапните докази, подигнувањето на главата на креветот е едноставна и безбедна опција за луѓе со благи симптоми на рефлукс. „Базата на докази е сè уште релативно мала, но пронајдовме докази за корист и нема штети што ги надминуваат потенцијалните придобивки“, додаде тој.

Исто така, постојат и недостатоци

Сепак, секој што ги зема предвид советите на Маск треба да биде свесен за потенцијалните недостатоци. Некои студии покажаа само минимални подобрувања. Во студија објавена во 2020 година, истражувачите следеле 39 пациенти кои спиеле во кревети подигнати за 20 сантиметри во текот на шест недели. Иако нивните симптоми на рефлукс се подобриле, научниците не забележале никакво влијание врз нивниот целокупен квалитет на живот.

Дополнително, повеќе од половина од пациентите пријавиле негативни ефекти од спиењето со подигната глава на креветот. Несаканите ефекти вклучувале лизгање од кревет, оток на стапалата и глуждовите, болки во вратот или долниот дел од грбот, па дури и „сексуални проблеми поврзани со аголот на креветот“. Кај една четвртина од учесниците, овие проблеми биле толку сериозни што морале да ја прекинат терапијата, иако нивните примарни симптоми се подобриле.

Научниците напишаа во студијата: „Неочекувано високата стапка на несакани ефекти покренува прашања за тоа дали вкупниот сооднос ризик-корист за пациентот е поволен. Можеби ќе бидат потребни дополнителни студии за да се пронајде најнискиот наклон на креветот што сè уште има терапевтски ефект, а воедно ги минимизира несаканите ефекти од оваа нефармаколошка терапија.“
The post Илон Маск има совет за борба против горушицата. Дали делува? appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: