Денес завршува забраната за движење во шумите, воведена во согласност со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, а на барање на НП „Национални шуми“.
Забраната првично беше на сила од 1 јули до 31 август, но поради високите температури и зголемениот ризик од шумски пожари на отворени површини, беше продолжена до 30 септември.
За време на забраната, движењето во шумите беше дозволено само со писмено одобрение издадено од подружниците на НП „Национални шуми“ и Национални паркови, соодветно, за подрачјето со кое управуваат. За непочитување на забраната од страна на физички лица во овој период беа предвидени казни.
The post Укината е забраната за движење низ македонските шуми appeared first on Во Центар.



