среда, 18 ноември 2026
Најново

„Дефект“ на подморски кабел во Персискиот Залив предизвика проблеми со интернетот во Пакистан

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Дел од корисниците во Пакистан може да се соочат со побавен интернет и повремени прекини на врската по дефект на меѓународниот подморски кабел SEA-ME-WE 5 (SMW5). Пакистанската управа за телекомуникации (PTA) соопшти дека дефектот е регистриран на околу 11 километри од пакистанскиот брег.

Интернет-сообраќајот се пренасочува преку други меѓународни врски за да се намалат прекините. Операторот „Трансворлд асошиејтс“ и конзорциумот што управува со кабелот работат на утврдување на причината за дефектот и на процена колку време ќе биде потребно за целосно нормализирање на услугата.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Регулаторот предупреди дека последиците може да се почувствуваат во различни делови на земјата. Засега нема потврда за целосен прекин на интернетот низ Пакистан, а властите сè уште немаат објавено рок за отстранување на дефектот.

Истиот кабел имаше дефект и на 1 јули годинава, кога беа пријавени проблеми со интернет-врската во повеќе делови на Пакистан. Според локалниот медиум HUM English, тогашниот дефект бил отстранет на 3 јули.

Поврзани вести