среда, 18 ноември 2026
Најново

Посетителите евакуирани, врие полицијци и пожарникари: Пожар во скопски трговски центар

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Пожар вечерва избувнал во подземниот паркинг на КАМ мол во скопската населба Ѓорче Петров, по што биле евакуирани сите посетители на трговскиот центар, дознава Вечер.пресс.

Според очевидци, со асистенција на полицијата, возилата едно по едно го напуштаат паркингот. На нив се забележуваат траги од чад, а чад излегува и од вентилацискиот систем на објектот.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

На местото се присутни полициски екипи и пожарникари, а пред молот се собрани голем број граѓани.

Засега нема официјални информации за причините за избувнувањето на пожарот, ниту за тоа дали има повредени лица.

Поврзани вести