Редовното консумирање јогурт би можело да заштити од една од најагресивните форми на рак на дебелото црево, пишува онкологот Џастин Стебинг, професор по биомедицински науки на Универзитетот Англија Раскин, за „The Conversation“.
Лекарите предупредуваат дека се повеќе луѓе под 55 години развиваат рак на дебелото црево. Исхраната, особено зголемената консумација на ултра-преработена храна, се наведува како една од клучните причини.
„Како консултант онколог, многумина ме прашуваат како можат да го намалат ризикот. Новите наоди сугерираат дека редовната консумација на јогурт може да има заштитен ефект против одредени агресивни форми на рак на дебелото црево со менување на цревниот микробиом, природните бактерии што живеат во цревата“, напиша Стебинг.
Како што објаснува тој, цревниот микробиом влијае на варењето, имунитетот, па дури и на ризикот од рак. Здравата рамнотежа на бактерии се смета за важна за силен имунолошки систем и спречување на воспаление кое може да придонесе за развој на рак.
Јогуртот содржи живи култури на корисни бактерии, како што се Lactobacillus bulgaricus и Streptococcus thermophilus, кои помагаат во одржувањето на таа рамнотежа.
Меѓу главните фактори на ризик за развој на рак се пушењето, премалата физичка активност, алкохолот, преработеното месо и лошата исхрана.





