вторник, 24 ноември 2026
Најново

(Видео) Либија: Украина ни објави војна

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Претседателскиот совет на Либија ја прогласи Украина за целосно одговорна за нападите со беспилотни летала во близина на Бенгази и ги оцени како објава на војна против либиската држава. Во соопштението потпишано од потпретседателот на Советот, Муса ал-Кони, се наведува дека цел на нападите биле морското пристаниште и еден витален објект, при што е причинета материјална штета и се повредени цивили.

Според либиски извори и локални медиуми, во вчерашните напади со беспилотни летала биле погодени руски брод укотвен во пристаништето Бенгази и малтешки товарен брод во крајбрежните води. Либиски извор за агенцијата Анадолија изјави дека во првиот напад се повредени десет лица, додека екипажот на малтешкиот брод бил евакуиран.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Претходно, украинскиот претседател Володимир Зеленски информираше дека украински поморски дронови ја потопиле руската корвета „Меркури“, уништиле воен хеликоптер Ка-27 и погодиле руски товарен брод во близина на либискиот брег.

Претседателскиот совет предупреди дека континуираните обиди Либија да се претвори во бојно поле за меѓународни пресметки ја загрозуваат безбедноста на Средоземјето и снабдувањето со енергенси. Либиските власти ги опишаа нападите како директно кршење на националниот суверенитет и територијалниот интегритет на земјата.

Како одговор, Триполи најави итни правни и дипломатски чекори на регионално и меѓународно ниво, вклучувајќи поднесување тужба до Меѓународниот суд на правдата. Воедно, Советот побара од Советот за безбедност на Обединетите нации да свика итна седница и да го стави Зеленски на листата лица поврзани со тероризам.

Покрај дипломатската офанзива, Претседателскиот совет ги повика либиските заеднички воени комисии да одржат итни состаноци и да преземат мерки за заштита на територијалните води и виталните објекти. Упатен е и апел до Обединетите нации и меѓународните организации да покренат неутрална и транспарентна истрага за инцидентите.

„Суверенитетот, безбедноста и територијалното единство на Либија не се предмет на преговори“, порача Советот во соопштението, додавајќи дека националното единство и цврстите државни институции се вистинскиот штит на земјата пред надворешните закани.

Поврзани вести