четврток, 26 ноември 2026
Најново

Цената на златото падна под 3.500 долари за првпат по подолго време

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Цените на златото денеска  се стабилизираа, откако во претходната трговска сесија накратко паднаа под нивото од 3.500 долари за унца. Инвеститорите го проценуваат влијанието на забрзувањето на инфлацијата во САД врз очекувањата за натамошно заострување на монетарната политика на американските Федерални резерви (ФЕД).

Спот-цената на златото остана речиси непроменета и изнесуваше 3.580,87 долари за унца во 3:17 часот по Гринич, додека американските фјучерси на злато со испорака во декември пораснаа за 1,2 отсто, на 3.578,70 долари за унца.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

За време на тргувањето во средата, цената на златото падна под 3.500 долари за унца за првпат од септември 2025 година, откако податоците на американското Биро за економска анализа покажаа дека инфлациските притисоци дополнително се засилиле во октомври.

Индексот на цените на личната потрошувачка (PCE), кој Федералните резерви го користат како главен показател за инфлацијата, во октомври пораснал за 3,8 отсто на годишно ниво, по растот од 3,6 отсто во септември.

Базичната инфлација, која не ги опфаќа цените на храната и енергенсите, се забрзала на 3,3 отсто, од 3,1 отсто во претходниот месец.

На месечно ниво, индексот PCE пораснал за 0,3 отсто, што претставува забавување во однос на растот од 0,5 отсто забележан во септември, пишува „Анадолу“.

Со оглед на тоа што златото не носи камата, долготрајната инфлација и очекувањата дека ФЕД би можел да ги зголеми каматните стапки на декемврискиот состанок ја намалуваат привлечноста на овој благороден метал за инвеститорите.

Поврзани вести