Бендтнер би можел во Тотенхем

Според неофицијалните информации кои ги пренесуваат италијанските медиуми, се вели дека данскиот напаѓач кој е во Јувентус на позајмица од Арсенал, би можел да премине во тимот на Тотенхем.

Никлас Бендтнер се наоѓа на едногодишна позајмица во Јувентус каде не успеа да се избори за место во првиот тим.

Се поизвесно е дека Јувентус по истекот на позајмицата ќе го врати во Англија, Арсенал сепак не смета на данецот а тоа се чини ќе отвори можност за трансфер на овој напаѓач.

Неофицијалните информации кои ги пренесуваат англиските медиуми говорат дека данскиот напаѓач би можел да се пресели во тимот на Тотенхем.

Пронајдете не на следниве мрежи: