Македонскиот фудбалски интернационалец Баже Илијоски е казнет со 8 000 евра.
Екипата на Рапид Букурешт каде настапува нашиот интернационалец на гостински терен одигра само 0-0 со Петролул Плоешти пред 13-илјадната публика.
Тренерот на гостинската екипа Сабау го повлече од игра Илијоски уште во 55-тата минута од мечот, на негово место влезе во игра Милисављевиќ. Тоа било доволен повод за нервозна реакција на нашиот интернационалец, кој според она што разбравме што пренесуваат романските портали наводно му упатил пцовка на тренерот Сабау, а фрлал и шишиња со вода.
Извор/Слика: www.click.ro
Пронајдете не на следниве мрежи: