Центарот за применета ненасилна акција и стратегии, попознат како КАНВАС, поради методите за уривање системи е прогласена за терористичка организација. Интересно како граѓанските движења завршуваат со крвопролевање и урнат систем.Интересно е како предводниците на таквите ненасилни движења и борци за слобода и демократија, завршуваат на функција и понатаму ја водат политиката на земјата која ќе се најде на мета.
Во „Академијата на Канвас“ се објаснува прецизирано таргетирање на етнички и верски групи, истражување на проблемите со кои се соочуваат и креирање на детален план за нивно придобивање за протест по улиците.
Токму затоа, не треба да изненадува фактот што на уличните протести се појавуваат платени актери кои би требало да претставуваат одредени ранливи категории и коишто даваат срцепарателни изјави пред камерите. Не е случајно што се злоупотребуваат и луѓе коишто ги изгубиле саканите и на чиј грб се носи злоупотребата зад која стојат механизми со кои треба да се предизвика емпатија и сочувство.
Покрај тоа, се прави масовна пропаганда дека дури и државни службеници се против системот (секако, сите се „анонимни“) и не сакаат да го откријат својот идентитет. Денес ќе се фокусираме на нив, бидејќи овој метод е наведен во прирачникот на Канвас како одлична мета за ослабнување на противникот.
Колкупати досега имате налетано на вакви изјави кај опозициски медиуми за кои е познато кој и како ги финансира?
Со посебен акцент треба да се задржите на делот каде што се спомнува блокада на работата и давање поттик за саботажа на државните институции.
Еве еден школски пример, применет кај нас и кој допрва ќе се доработува. Ви делува познато?
Интересно е како предводниците на таквите ненасилни движења и борци за слобода и демократија, завршуваат на функција и понатаму ја водат политиката