Македонија се соочува со силен надворешен притисок и армија олеснувачи кои се „грижат за доброто на оваа земја“. Меѓу последните настани кои ги вознемирија дежурните душегрижници од ЕУ, беа аболициите на претседателот Ѓорге Иванов.Тортурата, што секојдневно ја трпи Македонија од квази-демократските западни општества, веќе ги надминува сите граници.
Кога безбедносните сили кај нас ги чуваат институциите од демонстрантите за да не вандализираат и прават сѐ што ќе им падне на памет, притоа и ги апсат агресивните учесници, од Европа веднаш пристигнуваат загрижувачки апели дека се кршат човековите права во земјата.
Кога во земјите од ЕУ се апсат агресивни демонстранти и луѓе кои излегуваат на улица за да кршат и прават нереди, никој не се меша во внатрешните работи и работата на институциите.
Во Меѓународното право одамна е спроведена мерката да се доделуваат помилувања и аболиции на лица, а САД е една од водечките земји во светот кои во прв план се наведуваат како почитувачи на основните човекови права.
Следејќи ги глобалните случувања и почитувајќи ги правата на луѓето од сите општествени сфери, Македонија не изостанува зад демократските општества.
Аболициите на г-дин Иванов се еден чекор понапред кон одржување и промовирање на човековите права. Неговата одлука беше дочекана на нож, па платениците веднаш излегоа на улица за да урлаат и побараат апсење и затворска казна за луѓето од списокот на аболицирани.
Но, за нивните мецени од СДСМ не трчаат за да стават зад нив евтини транспаренти за да честитаат аболиција. Зошто?
Можеби затоа што американските невладини организации им плаќаат пари за да се прошетаат по улици и бараат слобода во која веќе одамна се ужива ва Македонија од нејзиното осамостојување по распадот на Југославија.
Зошто истите тие невладини организации, заедно со ЕУ не станат на нозе да прават нереди пред Белата Куќа во САД кога Барак Обама помилуваше криминалци, нарко дилери и деликвенти од сите сфери за да му се честита на „погрешната одлука“ или да се врши притисок, или пак, да го нарекуваат фикус?
На светската јавност добро ѝ е познато дека политиката во САД ја водат разузнавачките служби, а не претседателот. Па, сепак, никој не го навредува лидерот на државата!
Погледнете во продолжение дел од луѓето коишто се помилувани од страна на администрацијата на Барак Обама и за кои кривични дела се помилувани. Останатиот дел од списокот на помилувани лица можете да го погледнете на следниот ЛИНК
Тортурата, што секојдневно ја трпи Македонија од квази-демократските западни општества, веќе ги надминува сите граници.
Кога безбедносните