Подпретседателката на СДСМ и технички министер за Труд и социјала Фросина Ташевска Ременски повторно фатена во Лага Подпретседателката на СДСМ и технички министер за Труд и социјала Фросина Ташевска Ременски повторно фатена во лага
На новинарско прашање за изградбата на ветениот Дом за стари лица за кој постои точно утврдена динамика според која во овој месец требало да има тендерска постапка која не е отпочната, Ременски одговори дека “овој министер нема намера да се впушта во никаква незаконита постапка” и дека “станува збор за старски дом треба да се гради во општина Гази Баба, а општината не определила земјиште за изградба на старскиот дом и дека не донела одлука за ослободување од комуналии за изградба на самиот старски дом”. Како што наведе Ременски од тие причини не можело да се пристапи кон отворање на самата постапка.
Техничката министерка повторно грубо ја излажа јавноста и кога не знае што да одговори се крие зад лажна грижа за незаконско работење.
Побаравме одговор општина Гази Баба за исказите на Ременски, при што не известија дека за самото земјиште има детален урбанистички план, има локација, постои идеен проект. Ременски не ја говори вистината кога вели дека општината нема дадено одобрение за ослободување од комуналии што е уште една невистина. Министерството за труд и социјална политика сеуште се немало обратено до општина Гази Баба за да побара ослободување од комуналии. А доколку се обрати писмено секако ќе добие ослободување за ваков важен проект
во информацијата за одобрение за повеќегодишна јавна набавка и тендер за изградба требало да се распише во февруари а Ременски намерно го ставила во планот за јавни набавки во мај.
Во овој случај техничката министерка покажува дека нема чувство за потребите на старите лица. Домот за стари лица е долгогодишно барање на материјално необезбедените лица.
.
Подпретседателката на СДСМ и технички министер за Труд и социјала Фросина Ташевска Ременски повторно фатена во лага
На новинарско пр