СТАРЛЕТИТЕ СЕ ПОТЕПАА: „Сега ќе видиш ку**о една!“

Епидемијата наречена „реално шоу“ ги зарази телевизиските канали и на луѓето бавно, но сигурно им ги затапува мозоците. Веднаш да се оградиме, некои реални шоуа се вредни за гледање, бидејќи не промовираат старлети, карање, тестирање на издржливост на федерите од креветите…За жал, луѓето единствено ќе кликнат да отворат вест со скандалозен наслов, во надеж дека ќе дознаат некоја пикантерија за личност која се пробива со промоција на телото и голотијата, наместо со детали и постапки кои ќе им бидат пример на младите во регионов.
Децата од мали нозе се оставаат да гледаат телевизија, без внимателно да се избере соодветен канал кој наместо да им ја разбуди креативноста, им дава идеи како не треба да се однесуваат.
И наместо кога ќе се најдат на игралиште, да се договараат која игра ќе ја играат за да им помине времето, тие со ентузијазам прераскажуваат како некојаси Вахиде била застрелана од мафијаш кој го одбила.
Или пак, наместо да се промовираат културно-едукативни емисии, историски, научни, документарни филмови или некои занимливости со кои нешто корисно би се научило, во етер се шетаат полуголи старлети кои се полеваат со шишиња вода, се караат од пет метри далечина (безбедна оддалченост за да не се пукне нечиј силикон бидејќи ќе следи тужба), рафално се истрелуваат пцости и навреди, по некој Дон Жуан се уфрлува во кадар со надеж дека вечерта ќе му се „посреќи“.
Сето ова го гледаат децата, младите… Каков пример им се дава? Колку лесно може да се заработи ако се занемарат вредностите и се поплочува патот кон успехот ако се лежи под некој?
Насловот не соодветствува со текстот, но зошто сеирот и караницата заземаат главна улога во нашите животи? Каде згрешивме кога дозволивме со неквалитет и неморал да го труеме општеството, да го величаме безвредното, а образот и честа повеќе да не ги вреднуваме?За жал, луѓето единствено ќе кликнат да отворат вест со скандалозен наслов, во надеж дека ќе дознаат некоја пикантерија за личност која се пробива

Пронајдете не на следниве мрежи: