Огромен скандал на вчерашната бомба откри лидерот на опозицијата и единствениот господар на вистината во Македонија, Зоран Заев.Во првиот од серијата разговори кои ги најави, како што рече тој, „ќе слушнеме како МВР без проблем може да лоцира телефон“.
Во разговорот во кој се слушаат гласовите на Иво Котевски и Гордана Јанкуловска, помошник-министерот од министерката бара помош за лоцирање на украден ајфон, при што Јанкуловска одговара дека МВР може да го стори тоа без проблем.
Покрај МВР со оваа вештерска способност располагаат сите мобилни оператори, односно служби од министерствата за внатрешни работи на планетата Земја.
Се обративме до МВР да ги прашаме дали нивната вештина во лоцирањето на украдените телефони е овозможена од тајните друштва, сатаната или маѓепсниците кои јаваат еднорози, но не добивме одговор.
Со надеж дека МВР нема да не претвори во жаби после откривањето на оваа мега-афера, стискаме палци и утрешниот ден да го дочекаме со способност да продолжиме во откривањето на вистината за Македонија и ваквите ѓаволски тајни способности на нашето министерство.
Извор: БозаностраВо првиот од серијата разговори кои ги најави, како што рече тој, „ќе слушнеме како МВР без проблем може да лоцира телефон“.
Во